17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСообраќајот се одвива тековно, слаб снег на Ѓавато и во Крушево

Сообраќајот се одвива тековно, слаб снег на Ѓавато и во Крушево

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Слаб снег провејува на планинскиот премин Буково- Ѓавато и Крушево но, не се задржува на коловоз.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП