5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо САД во февруари отворени 235 илјади нови работни места

Во САД во февруари отворени 235 илјади нови работни места

Американските работодавци во февруари отвориле 235 илјади нови работни места, повеќе од она што се очекуваше, соопштено е од Министерството за труд.

Според ревидираните податоци на Министерството за јануари, работодавците во тој месец отвориле 238 илјади нови работни места.

Економистите очекуваа дека во февруари ќе бидат отворени околу 195 илјади работни места, откако во јануари, според првичната проценка на Министерството, бројот на вработени е зголемен за 227 илјади.

Со зголемениот раст на вработеноста, стапката на невработеност падна на 4,7 отсто, од јануарските 4,8 отсто, во согласност со очекувањата на економистите.

Извештајот на Министерството уште покажа и дека на годишно ниво просечната плата по час порасна во февруари 2,8 отсто. Со тоа нејзиниот раст на годишно ниво се забрза во споредба со јануарските 2,5 отсто.

Најновите податоци од американската берза на трудот сведочат за стабилно темпо на отворање на нови работни места во најголемата светска економија оваа година, со што се придружуваат на низата показатели кои ги поддржуваат очекувањата дека американската централна банка следната недела ќе ги покачи каматните стапки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП