1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMercedes-Benz во февруари продал рекорден број возила во САД

Mercedes-Benz во февруари продал рекорден број возила во САД

Германскиот гигант Mercedes-Benz објави дека во февруари продал најмногу автомобили во САД во својата историја.

Компанијата продала 24,52 илјади автомобили, што е зголемување од 6,9 отсто во однос на февруари минатата година.

Од компанијата велат дека продале и 2,5 илјади „van“ и 348 „smart“, што повторно ја подига границата на рекордот од 27,38 илјади вкупно продадени возила на тој бренд.

Кога се во прашање моделите што Мерцедес ги продал, најмногу се барала класата Ц, која ја купиле 6,15 илјади американски граѓани.

Второто место и припадна на ГЛЕ класата со продадени околу четири илјади возила.

На трето место е новата Е класа со 3,47 илјади продадени автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП