21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на становите продолжува да паѓа

Цената на становите продолжува да паѓа

novi stanovi33

Опаѓа цената на становите ширум Македонија, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

Просечната цена на еден метар квадратен станбена површина во 2016 година изнесувала 43.091 денари, што е за 6,5% помалку во однос на 2015 година. Вредноста на овој вид недвижности опаднала во главниот град, но и во помалите градски средини.

„Во Скопје, просечната цена на 1м2 изнесуваше 50.829 денари што е за 3,9% помалку во споредба со 2015 година, додека во останатите населени места во државата таа изнесуваше 32.721 денари, што е за 1,6% помалку во споредба со 2015 година“ се вели во извештајот.

Наведените цени на становите во главниот и во останатите градови се пресметани без вкалкулиран данок на додадена вредност.

Во однос на второто полугодие од 2016 година, просечната цена на еден метар квадратен станбена површина во земјава опаднала за 5,9% во однос на првите шест месеци, додека во Скопје намалувањето изнесувало 3,8%. Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на становите е во константен пад во изминатите две години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП