22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААСЕАН и ЕУ ќе ги продолжат преговорите за слободна трговија

АСЕАН и ЕУ ќе ги продолжат преговорите за слободна трговија

EU-ASEAN

Земјите од југоисточна Азија собрани во групацијата АСЕАН и Европската унија се договорија да работат на продолжување на блокираните преговори за договорот за слободна трговија.

Европската комесарка за трговија Сесилија Малмстром после консулацијата со министрите на 10-члената групација АСЕАН пред новинарите изјави дека затворањето на границите, изградбата на ѕидови и зголемувањето на тарифите нема да ги реши проблемите за кои често се обвинува слободната трговија.

Министрите за трговија на двата регионални блока наведоа во заедничкото соопштение дека бараат од официјалните претставници да постават рамка за идниот договор за слободна трговија. Преговорите за тоа меѓу двата блока се започнати во 2007 година, но беа прекинати во 2009 година.

„Ние гледаме тенденција кон протекционизмот и против глобализацијата ширум светот. Затворањето на границите, подигнувањето на ѕидови и зголемувањето на тарифите нема да биде решение, туку ќе го зголеми проблемот“, изјави Малмстром.

Филипинскиот министер за трговија Рамон Лопез изјави дека изјавите на некои светски лидери кои не ги именуваше, придонесуваат за неизвесност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП