20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпанците во невоља, Брегзит го затвора главниот извор

Шпанците во невоља, Брегзит го затвора главниот извор

11737622858af0690e1c58091703097_w640

Излегувањето на Велика Британија од Европската унија ќе го намали растот на бруто домашниот производ на Шпанија за 0,2 до 0,4 процентни поени, покажуваат извештаите на Владата во Мадрид.

Економската активност на Шпанија, поради Брегзит, би можела да падне за две до четири милијарди евра годишно, што е еднакво на падот на БДП од меѓу 0,2 и 0,4 процентни поени, се наведува во извештајот кој шпанските власти го претставија во Брисел, пренесува Франс прес.

Приоритет на Шпанија во преговорите за Брегзит, како што се наведува, ќе биде да се зачува слободното движење на работниците меѓу двете земји.

„Слободното движење на луѓето, кое му овозможува на секој граѓанин од земјите членки на ЕУ да работи било каде во 28-члениот блок, претставува најрелевантен детал во преговорите за Брегзит“, се наведува во извештајот.

„Шпанската економија ќе претрпи негативни последици поради Брегзит, имајќи ги во предвид силните трговски и инвестициони врски на двете земји. Според најдоборото сценарио, во кое официјален Мадрид би постигнал билатерален трговски договор со Лондон после Брегзит, извозот на Шпанија во Британија би опаднал за 464 милиони евра годишно. Падот на извозот, сепак, би можел да достигне и милијарда евра годишно, при што најтешко ќе бидат погодени прехрамбениот и автомобилскиот сектор. Битанија, како што наведува АФП, е клучна дестинација за шпанските инвестиции во странство и за Шпанија е главен извор на странски посетители.

Во извештајот се наведува и дека 102.498 шпански државјани живеат во Британија, а 391.000 Британци во Шпанија, меѓу кои 105.000 се пензионери кои здравствениот систем на Шпанија го чинат околу 250 милиони евра годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП