2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕрдоган очекува Русија да ги укине економските ограничувања

Ердоган очекува Русија да ги укине економските ограничувања

167149882458b96f16c973a894662999_w640 (1)

Турција очекува дека Русија целосно ќе ги укине економските ограничувања кои ги воведе кон Турција, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Официјална Москва воведе економски санкции за Анкара, бидејќи односите на двете земји се влошија по соборувањето на турскиот воен авион над Сирија во ноември 2015 година, потсетува агенцијата Ројтерс.

Досегашните економски санкции, како и забраната за руските туристи да ја посетуваат Турција, која веќе е отстранета, и донесоа огромна штета на турската економија.

Сепак, во август минатата година, односите на двете земји формално беа обновени, но одредени санкции сеуште не се отстранети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП