Најсаканата дестинација во светот за купување на втор дом потворно е Шпанија. Во февруари пиренејската држава го смени САД со над 14% од вкупниот број барања на имот за одмор во онлајн порталот „themovechannel.com“.
САД водеа во рангирањето на весникот во текот на седум последователни месеци. Двете држави редовно се менуваат во рангирањето. Овој пат, сепак потрагите за имот во Шпанија речиси се удвојуваат во рамките на месечното рангирање, со што земјата се искачи на чело во рангирањето.
Во февруари потрагата за втор дом во САД се намалува од 14,65% во јануари до 11,4%, со што земјата застанува на втората позиција во рангирањето.
Трета е Португалија со 4% од испитаниците, а земјата се качува за 2 места на листата.
Топ 10 се дополнува со Италија, Индонезија, која се движи напред со 10 места во однос на табелата во јануари, Франција, Дубаи, Сингапур, Турција и Германија.
Најголем скок во рангирањето забележа Костарика со 19 места до 25-то место. Истовремено Грција оствари најсилен пад со 27 места до 31-во место со 0,09% од испитаниците.