28 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПромоција на македонскиот туризам на најголемиот саем за туризам во Берлин

Промоција на македонскиот туризам на најголемиот саем за туризам во Берлин

gorenjeFinancial

Во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТРМ) и оваа година се промовира Македонија на најголемиот саем за туризам во Берлин.

Акцентот на промотивните активности се става на активен туризам, но и културните и природните туристички знаменитости на Македонија. За време на саемот се одржуваат многу активности, но голем фокус е даден на претстојната конференција на Пацифик-Азиската Туристичка Асоцијација “PATA”.

„Денеска на свечениот коктел на “PATA”, во организација и покровителство на “ITB” беше промовирана Глобална Конференција (PATA Global Insights Conference -PGIC) како дел од Самитот за туризмот 2017 кој ќе се одржува во Македонија пред гости од целиот свет. Ова е идеална прилика Македонија да ги собере на едно место важните чинители во светскиот туризам, но и да се претстави како дестинација којашто е во интензивен подем. Овој тип на промотивни алатки овозможуваат брза и ефикасна промоција и воедно брендирање и позиционирање на земјава повисоко во светската туристичка индустрија, а со тоа и зголемување на бројот на туристите и девизниот прилив од туризмот”, изјави директорот на АППТРМ, Лела Крстевска.

Оваа година има посебно голем интерес од приватниот сектор за учество на “ITB” и на штандот на Македонија својата понуда ја изложија македонските туроператори, Бадем тур, Вардар експрес, Фибула, Глобус травел, Бтб турс, Буши ресорт и спа и Гобалканс.
Тоа што заслужува внимание е потпишување на меморандум за соработка меѓи JICA (Japanese international cooperation agency) и Македонија, којашто заедно со останатите балкански земји како Албанија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина ќе го промовираат балканскиот регион во Јапонија. На состанокот учествуваше македонскиот приватен сектор, и истите беа поканети во Токио на бизнис средби со јапонските туристичките чинители за да отпочнат соработка.

Секоја година се зголемува посетата на “ITB” од странски тур оператори, асоцијации, медиуми и различни чинители во туризмот. Туристичката понуда оваа година е претставена во 24 хали и излагачи од 5 континенти, 187 земји, 1000 најдобри квалификувани купувачи, 10.000 изложувачи, 26.000 конференциски посетители, 60.000 приватни посетители, 120.000 трговски посетители.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП