28 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛуксембург се вклучува во битката за финансиски лидер на Европа по Brexit

Луксембург се вклучува во битката за финансиски лидер на Европа по Brexit

Illustrations Présidence

Со излегувањето на Велика Британија од Европската унија (ЕУ) голем број европски земји го сакаат местото на Лондон како водечки финансиски центар по „Brexit“. А Луксембург е еден од нив, раскажува „CNBC“.

Во посета на Сингапур министерот за финансии на Луксембург Пјер Граменја изјави дека земјата веќе претставува врата кон Европа и е подготвена за поголема улога.

„Имаме рејтинг од три пати А од сите рејтинг агенции. Постои многу предвидливост и стабилност од политичка, економска и финансиска гледна точка“, рече тој за „CNBC“.

Граменја веќе гледа одреден успех.

Гигантот за осигурување „AIG“ во средата објави дека ќе отвори подружница во Луксембург, а во исто време ќе ја задржи основната европска централа во Лондон. Тој, сепак, изјави дека односите со Сити во Лондон продолжуваат да се важни.

„Бизнисот секогаш наоѓа начин да се прошири и ние сакаме да бидеме природни партнери со Велика Британија во тој нов потфат“, додаде тој.

Луксембург е и во листата на британската банка „Lloyd’s“ за дом на нејзината подружница во друштво во ЕУ, рече „Ројтерс“.

Плановите се спроведуваат во позадина на несигурноста за Лондон како финансиски центар на регионот, откако правата и пристапот до единствениот пазар не може да се гарантира, откако Велика Британија излезе од ЕУ.

Се очекува британскиот премиер Тереза Меј да го активира Член 50 од Лисабонскиот договор до крајот на март, за да даде старт на официјалните преговори, со план тие треба да продолжат околу две години.

Разделбата може да стане тешка, ако Британија одбие да ја плати сметката за излез што ќе биде првото прашање во преговорите, вели Џејкоб Киркегаард, научен соработник во „Peterson Institute for International Economics“.

„Ако Британија одбие да го стори тоа, тогаш ЕУ ќе одговори дека нема да има договарање за идни трговски односи со Велика Британија“, а во овој момент ќе има реален ризик преговорите да се распаднат и да има предвремени избори во Велика Британија“, рече Киркегаард за телевизијата.

„Ова ќе создаде многу дополнителна несигурност и позната нестабилност на финансиските пазари“, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП