2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНорвешка ќе го гради првиот во светот тунел за бродови (видео)

Норвешка ќе го гради првиот во светот тунел за бродови (видео)

brodovi tunel 00

Норвешките власти дадоа зелено светло за финансирањето на првиот во светот бродски тунел, со кој ќе се заобиколи една од најопасните области по должината на норвешкиот брег.

Патот за „Stad Ship Tunnel“ ќе биде отвора преку детонација во 1.7 километри карпи во најтесната точка на полуостровот Стад.

Основната задача на новиот објект не е да штеди време од патување, туку да им овозможи на бродовите да се движат побезбедно во регионот, која се смета за една од најопасните зони на брегот на Норвешка.

brodovi tunel 01

Тука морнарите се борат со бури повеќе од 100 дена годишно и опасната комбинација од ветер, струи и бранови, посочува „gcaptain.com“. Според извештаите, 33 лица ги загубија своите животи во регионот од крајот на Втората светска војна.

Норвешкиот радиодифузер „NRK“ истакнува дека норвешката влада ја одобрила на 2-ри март целосната сума за финансирање на проектот, која изнесува 2,7 милијарди норвешки круни, или 301 милиони евра.

Финансирањето ќе биде обезбедено во две фази, а изградбата на тунелот ќе стартува во 2018-та година и ќе трае до 2029-та година.

Норвешката крајбрежна администрација, која е одговорна за проектот, објави дека за време на изградбата на тунелот ќе бидат отстранети околу 3 милиони кубни метри цврста карпа од планината.

Откако градежништвото ќе заврши, „Stad Ship Tunnel“ ќе биде со должина од 1,7 километри, висина 37 метри и широчина од 26,5 метри. Неговата изградба се очекува да трае околу 3 до 4 години, но генерално проектот може да опфати повеќе од една деценија.

Во прилог на обезбедување на побезбеден пат за морнарите, тунелот се очекува да служи и како популарна туристичка атракција со потенцијал за висечки мост, кој ќе биде отворен за јавноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП