Повеќе стотици летови се откажани во петок во Берлин бидејќи службениците на аеродромите штрајкуваат заради спор околу платите.
На главниот берлински аеродром Тегел се откажани 455 летови, додека на аеродромот Шенефелд се откажани 204 летови, пренесува агенцијата ДПА.
Синдикатот Верди соопшти дека 2.000 вработени на аеродромите утрово стапиле во штрајк што ќе трае до сабота во 5 часот наутро, во екот на преговорите за платите.
Од синдикатот велат дека сè уште не добиле понуда што ќе претставува основа за преговорите.