21 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДЛУМ организира изложба „Мал формат“ во Прилеп

ДЛУМ организира изложба „Мал формат“ во Прилеп

Dom-na-kulturata-marko-ceneko-prilep-2

ЦК „Марко Цепенков“ Прилеп во соработка со Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) ја организираат изложба „Мал формат“ што ќе биде отворена во петок, во 19 часот, во галеријата „Борко Лазески“.

Посетителите ќе имаат можност да видат дела од 50 автори изработени во „Мал формат“, а меѓу изложенитe ќе бидат и наградените творби од областа на сликарството, графиката и скулптурата.

„Малиот формат“ како творечки предизвик претставува честа дневна практика на ликовните уметници.

„Магијата на „малиот квадрат“ во површина 25х25 см претставува искушение и за најголемите мајстори на визуелната уметност. Чувството на внатрешниот порив да го совлада малиот квадрат, на концизен, лапидарен, понекогаш метафоричен и езоповски начин да го транспонираат собитието и мотивот од големите форми во помалата мерка“, велат од ДЛУМ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП