3 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПреговорите меѓу Лондон и ЕУ за трговската трансакција може да потраат и...

Преговорите меѓу Лондон и ЕУ за трговската трансакција може да потраат и 15 години

london eu335

За склучување на трговската трансакција меѓу Велика Британија и Европската унија по „Brexit“ може да е потребно повеќе од една деценија, изјави данскиот министер за надворешни работи Андерс Самуелсен.

„Мораме да најдеме решение и ќе најдеме решение. Прашањето е дали можеме да го направиме за две години или ќе потрае 15. Не знаеме“, рече Самуелсен во интервјуто од Брисел.

Велика Британија сака дискусиите на нејзиниот трговски договор да се случуваат за време на двегодишниот период утврден за преговорите за излегувањето од ЕУ, потсетува „Bloomberg“. Многу претставници на ЕУ, сепак, вклучувајќи го и главниот преговарач на „Brexit“, Мишел Барние, ја отфрлаат идејата, велејќи дека блокот ќе дискутира за иднината, само кога други прашања, како што се условите околу „Brexit“ и статусот на европските граѓани во Велика Британија, се регулирани.

Без разлика дали Велика Британија ќе постигне нова трговска трансакција, таа ќе ја напушти ЕУ околу 2 години по лансирањето на преговорите. Излез без идниот договор е нешто што британскиот министер за „Brexit“, Дејвид Дејвис изјави дека е „малку веројатно сценарио“, но за кое Велика Британија треба да се подготви.

Самуелсен, кој се состана со Дејвис во минатата недела, рече дека редоследот на преговорите зависи од најитните приоритети откако Тереза Меј ќе го активира Член 50 од Лисабонскиот договор. Британскиот премиер изјави дека тоа ќе се случи до крајот на месецот.

„Тоа, се разбира, беше дел од нашите дискусии, знаеме дека Британците сакаат да почекаат“ сè да биде уредено во еден сеопфатен договор. Сите се всушност подготвени. Во моментов само сме во процес на чекање и потоа ќе треба да се реши кои прашања ќе бидат први поставени на маса“, рече Самуелсен.

Ајван Роџерс, поранешниот постојан претставник на Велика Британија во ЕУ, рече пред пратениците минатиот месец дека претходните договори помеѓу ЕУ и други земји „одзеле ужасно многу време“, додека не бидат договорени.

Роџерс поднесе оставка во јануари во позадина на обвинувањата од некои членови на британската влада дека е многу песимистичен во своите тврдења дека може да поминат неколку години за да се склучи трговската трансакција меѓу Британија и ЕУ.

Роџерс рече дека ратификацијата најверојатно нема да се случи порано од почетокот, или дури средината на следната деценија.

Без трговската трансакција или преодниот договор пред таа да влезе во сила, несогласувањата може да паднат во судот и трговијата меѓу Британија и ЕУ да се одвива согласно правилата на Светската трговска организација. Ова може да значи царини од околу 10% само на автомобилите.

Иако претрходните дискусии се случуваа во „добра атмосфера”, Самуелсен прогнозира дека пристапот на владите кон Велика Британија нема да биде „мек“.

„Треба да се погрижиме за нашите сопствени интереси. Мора да се осигура дека нема да дојде до ситуација во која ќе имаме поголеми тешкотии да влеземе на британскиот пазар, отколку Лондон ќе може да се натпреварува со подобри услови од Европа“, вели Самуелсен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП