28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа сиромашните во Италија по 500 евра месечно

За сиромашните во Италија по 500 евра месечно

162960791658c18672e588f554871176_w640

Италијанскиот Сенат го усвои во второто и последно читање законот со кој се воведува т.н. приход за инклузија, наменет за најсиромашните семејства во земјата.

За спроведување на тој закон ќе бидат издвоени 1,6 милијарди евра во 2017 година, што ќе се зголеми на 1,8 милијарди евра годишно од 2018 година.

„Прв пат нашата земја ќе има национален и структурален инструмент за борба против сиромаштијата, приход за инклузија кој ќе овозможи да им се помогне на оние кои се во тешкотии, не само на оние кои припаѓаат на одредени категории, како што се старите лица, невработените или хендикепираните“, изјави италијанскиот министер за труд Џулијано Полети.

Со помош на оваа мерка ќе биде можно да им се пружи помош на околу 400.000 семејства, односно на речиси 1,8 милиони лица, со околу 500 евра месечно.

Владата треба во наредните месеци да усвои декрети за примена на овој закон, кој ќе прецизира кој има право на овој приход.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП