24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд понеделник „Водовод и канализација“ се сели во новата барокна зграда

Од понеделник „Водовод и канализација“ се сели во новата барокна зграда

водовод

ЈП Водовод и канализација – Скопје, од понеделник, се преместува во новата Управна зграда, па затоа викендов ќе работат со вонредно работно време.

Наплатната служба во петок, 10 март, ќе работи од 7.30 до 15.30 часот, додека за викендот нема да биде во функција поради селидбата.

Од понеделник, наплатната служба ќе работи по нормално работно време, од 7.30 до 19 часот преку недела, а во сабота од 9 до 14 часот. Само овој викенд нема да се работи, соопштија од ЈП Водовод и канализација.

Преселбата на претпријатието на кејот на реката Вардар се одложува неколкупати до сега, затоа што градежните работи се одложиле од технички причини.

Новиот објект е на пет ката. На катовите ќе бидат сместени службите, а во приземјето ќе бидат пунктовите за корисниците. Ќе има 15 шалтери, што е тројно повеќе од сегашните.
„Со тоа многу побрзо и поефикасно граѓаните ќе можат да ги завршат работите на шалтерите”, сметаат од ЈП “Водовод и канализација”.

Според проектот, зградата ќе биде на пет ката, со поткровје и подземен паркинг на три нивоа, кој е со капацитет за 115 возила. Фасадата на зградата е во барок стил, а изградбата чини 10 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП