1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAirbnb доби финансирање од 1 милијарда долари

Airbnb доби финансирање од 1 милијарда долари

airbnb39--4004

Услугата за наем на домови „Airbnb Inc.“ објави дека собрала 1 милијарда долари во последниот круг на финансирање, кој ја оценил компанијата на 31 милијарда долари, пренесува „Ројтерс“.

„Airbnb“ свртела 447,85 милиони долари како дел од финансирањето, наведува извор, запознаен со компанијата. Компанијата пак објави во септември дека свртела уште околу 555 милиони долари во рамките на истиот круг.

„Airbnb“, која оперира во над 65.000 града низ целиот свет, ужива огромен раст, додека се насочува повеќе кон исполнувањето на својот план за глобална експанзија.

Компанијата реализира оперативен профит во втората половина на 2016-та година и се очекува да продолжи да е на добивка и оваа година, тврди извор, додавајќи дека „Airbnb“ не планира наскоро да стане јавна.

Компанијата е вплетена во жестока битка со регулаторите ширум светот, бидејќи тие тврдат дека таа ги покачува цените на кириите.

Во четвртокот „Bloomberg“ соопшти дека Одборот на директори на „Airbnb“ се сретнал, за да одобри купувањето на „Luxury Retreats“, компанија за управување со вили и домови за одмор во Монтреал. Продажбата се очекува да чини не повеќе од 300 милиони долари во кеш и акции. „Airbnb“ исто така е во процес на купување на компанијата за групни плаќања „Tilt“. „Airbnb“ одби да ги коментира трансакциите, бидејќи тие се уште не се јавно достапни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП