6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинеските банки речиси го преполовиле кредитирањето

Кинеските банки речиси го преполовиле кредитирањето

88721440858c18a625b337371640488_w640

Кинеските банки во февруари го намалиле кредитирањето за повеќе од 40 проценти во однос на претходниот месец, покажаа објавените официјални податоци.

Обемот на новоодобрените кредити опаднал на 1.170 милијарди јуани (170 милијарди долари), што е остар пад во однос на јануарскиот скок на кредитирањето на 2.030 милијарди јуани, според податоците на централната банка на Кина, пренесува агенцијата Франс прес.

Таквите податоци, сепак, ги надминаа очекувањата на аналитичарите, кои очекуваа 950 милијарди јуани нови кредити во февруари.

Нивото на одобрени кредити обично расте во јануари кога банките ги исфрлуваат новите квоти поврзани за кредитите, а февруарските податоци, според оценките на аналитичарите на компанијата „Capital Economics“ се подобри од очекуваните.

Кога ќе се одземат сезонските фактори, растот на кредитирањето всушност не забавил“, вели Јао Веј од банката „Societe Generale“ во Пaриз.

Во настojување да се намалат ризиците, централната банка на Кина во изминатите недели ја заостри монетарната политика, зголемувајќи ги краткорочните стапки за задолжување прв пат од 2013 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП