Германскиот огромен трговски суфицит, долго време е предмет на сериозна критика од страна на различни економисти, се намалил до најниско ниво од една година во позадина на порастот на увозот во почетокот на годината.
Германскиот увоз се зголемува над очекувањата во јануари, а растот е поголем од оној на извозот, кој и без тоа, исто така, е изненадувачки висок, соопштува „Ројтерс“. Увозот во федералната република се зголемува со 3% на месечна основа по сезонското порамнување на вредностите. Извозот расте со 2,7%, покажува уште извештајот на статистичката служба „Destatis“.
Економистите анкетирани од „Ројтерс“, очекуваа 1,85% раст во извозот и 0,5% зголемување на увозот.
Трговскиот биланс на земјата, параметар за известување на разликата меѓу увозот и извозот, паѓа од 18,7 милијарди евра до 14,8 милијарди евра во јануари во однос на декември, далеку стрмен пад од прогнозата за 18 милијарди евра на економистите. Ова е најниска вредност од јануари 2016-та година, коментира „Financial Times“.
Трговскиот суфицит се зголемува од 18,3 милијарди евра во декември до 18,5 милијарди евра во јануари. Прогнозата на аналитичарите беше за вишок на вредноста од 18 милијарди евра.
Вишокот на тековната сметка се намалува од 24,8 милијарди евра во декември до 12,8 милијарди евра. Година порано тој беше во износ од 14,6 милијарди евра.
Питер Наваро, новиот трговски советник на администрацијата во САД, го обвини Берлин во употреба на „грубо потценети“ евра, за да добива предност пред главните трговски конкуренти. Една слаба валута помага за промовирање на извозниците. Но германската влада, ЕУ и Европската централна банка жестоко ги отфрлија критиките. Во четвртокот управителот на „ЕЦБ“, Марио Драги изјави дека „нема причина“ за критикување на Берлин, откако вредноста на еврото се определува од пазарите, а не се контролира од Берлин или Франкфурт.