8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБранко Азески: Инфраструктурата останува најголем приоритет

Бранко Азески: Инфраструктурата останува најголем приоритет

ba

Во текот на трите денови учество земаа високи државни функционери и влијателни бизнис лидери, кои ја разгледуваа програмата за реформи, не само во Србија, туку и во регионот пошироко. Во рамките на Форумот, говорник ќе беше и Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија. На годинашниот форум имаше 1140 учесници, 120 акредитирни новинари, 20 панели, три пленарни сесии, четири специјални случувања и две панел презентации. На овој форум, кој има долга традиција за првпат имаше неподелена согласност околу реформските агенди и регионалните активности помеѓу гостите. Копаоник бизнис форум е место, каде луѓето разговаат ги изнесуваат своите ставови, ги усогласуваат мислењата и доаѓаат до концензус. Форумот влијаеше позитивно како на домашната, така и на пошироката јавност на теми врзани со економијата, образованието, науката и здравството.

aaa

На прашањето, кои се заедничките иницијативи за поттик на регионалниот економски раст, господинотАзески изјави:

„Инфраструктурата останува најголем приоритет, бидејќи таа е основа на сите приказни околу регионалниот развој и раст, а ние на тој план имаме многу малку направено. Најмногу имаме направено на планот на автопатишта, најмалку за инфраструктурата на железницата, а и гасификацијата мора да остане како голем приоритет. Друга работа е прашањето на владеењето на правото во регионот и негова хармонизација, бидејќи на тој план се наоѓаме во правен хаос. Трета работа која логично произлегува од првите две се парите, ние немаме повеќе можности да се задолжуваме бидејќи ја достигнавме таваницата, а се сомневам и во волјата на инвеститорите во вакви околности да инвестираат. Поради тоа неопходно е да побараме помош од Европската унија, особоено на прашањата за инфраструктурата, владеењето на право, прашања околу корупцијата, како повторно би биле атрактивни за инвестирање“.

На прашањето дали постои зголемен откуп и продажба на земјоделски производи, Азески вели:

„Владата на Република Македонија има вложено многу пари преку субвенции во овој сектор и тоа е добро, зголемен е откупот, модернизирано е производството, меѓутоа нашата економска политика треба да тргне вон границите на Македонија со инвестиции во големи трговски ланци и иизградба на хотелски капацитети, кои би го повлекле нашето производство на регионален пазар. Стопанската комора работи на тоа. Во тој поглед, во светот постојат само конкуретни и неконкуретни економии. Технолошкиот развој ја елиминира национална економија, сметам дека таа приказна е завршена и мораме да се свртиме 100 проценти кон регионот и светот. Постојат добри македонски компании, кои веќе работат на тоа и ние максимално ги подржуваме“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП