4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмЧам Македонија: Квалитетот над квантитетот

АмЧам Македонија: Квалитетот над квантитетот

amcham macedonia22

Американската Стопанска Комора во Македонија (АмЧам Македонија) организираше настан во духот на унапредување на соработката меѓу компаниите кои се сериозни во врска со инвестирањето во човечки ресурси и четири скопски факултети, дел од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ).

Околу 100 гости од бизнис заедницата, претставници од универзитетите, дипломатскиот кор, меѓународни организации и државни институции присуствуваа на настанот.

Претставници на повеќе од 30 компании, имаа шанса да слушнат презентации од Ректорот на УКИМ, Јанкуловски, како и Деканите на Машинскиот факултет, Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии (ФЕИТ), Факултетот за Информатички науки и Компјутерско Инженерство (ФИНКИ), како и на Економскиот факултет.

Нивните презентации ги сумираа нивните напори за тесна соработка со бизнис секторот, како и потребата да се подобри квалитетот на програмите за практиканти. Во вториот дел од настанот, учесниците имаа можност директно да разговараат со деканите и нивните колеги, со цел иницирање на нова соработка или продлабочување на постоечките односи.

„Водечки принцип треба да биде ‘квалитетот над квантитетот’. Наша заедничка цел не треба да биде зголемувањето на бројот на потпишани меморандуми за соработка од страна на факултетите и компаниите, туку да се зголеми позитивното влијание на нашите активности, врз студентите; искреноста и проактивноста од двете страни се од клучно значење“, истакна во поздравното обраќање, Мишел Османли, Извршен Директор на Американската Стопанска Комора во Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП