19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија ќе ги привлекува богатите странци со воведување единствен данок

Италија ќе ги привлекува богатите странци со воведување единствен данок

itali 33

Италија воведе единствен данок за богатите странци за да им конкурира на сличните иницијативи во Велика Британија и во Шпанија, кои успешно ги привлекуваат бројните богати ѕвезди од фудбалот и шоу бизнисот.

Отсега сите странци коишто како место за престој за потребите за даночење на приходите остварени било каде и да е во светот и да ја одберат Италија, во иднина ќе плаќаат 100.000 евра данок годишно.

За тоа даночно олеснување ќе бидат квалификувани физички лица кои живееле во странство најмалку девет од претходните десет години и имаат доволни високи приходи за износот од 100.000 евра години им биде прифатлив како сума за даночните обврски.

Доколку во Италија ги пријавил и блиските членови на семејството, износот ќе се зголемува за дополнителни 25.000 евра по лице.

Физичките лица имаат статус на италијански резидент за даночни цели доколку во земјата престојуваат повеќе од половина година. Според италијанскиот даночен закон, единствената даночна обврска за странците ќе може да се обновува секоја година, најмногу до 15 години.

Се очекува дека тој потег, предложен за оваа година, во кус рок да привлече во Италија најмалку илјада лица, според процените на италијанските медиуми.

Италија со овој потег коренито ја менува досегашната даночна политика имајќи во предвид, дека 2007 година даночните власти го обвинија сонародникот Валентино Роси, светскиот шампион во мотоциклизам, поради неплатен данок и го отфрлија неговото оправдување дека главното место на престој му е Лондон. Роси на крајот од 2008 година плати 19 милиони евра за да го намири даночниот долг кон државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП