17 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРастот на БДП за четвртото тримесечје од 2016 година изнесува 2,4%

Растот на БДП за четвртото тримесечје од 2016 година изнесува 2,4%

bdp

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за четвртото тримесечје од 2016 година изнесува 2,4%.

Во четвртото тримесечје од 2016, најголем пораст е забележан во секторите: Ѓ – Градежништво од 28,5%; К и Л – Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 9,8% и А – Земјоделство, шумарство и рибарство од 1,8%.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2016 година номинално расте за 5,8%, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 64,0%.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 8,4%, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 2,4%.

Табелите можете да ги погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП