3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ очекувано ja остави монетарната политика без промена

ЕЦБ очекувано ja остави монетарната политика без промена

ebanka333

Европската централна банка (ЕЦБ) очекувано ја остави монетарната политика без промена на втората седница за 2017-та година.

Каматната стапка по главните операции за рефинансирање останува 0%, каматата по гарничното кредитно олеснување е 0,25%, а депозитна камата останува -0,4%.

Управниот одбор на Банката ја потврди својата одлука дека обемот на купување обврзници ќе биде намален од 80 милијарди до 60 милијарди евра месечно од април.

Во соопштението на банката пишува дека Управниот одбор очекува основните каматни стапки да се задржат на сегашното или пониското ниво подолго време и доста подалеку од хоризонтот на нето набавки на средства.

Точно две години откако ЕЦБ започна со програмата за откуп на обврзници, инфлацијата е над целното ниво, поради што се зголемуваат повиците за намалување на стимулансите.

Претседателот на ЕЦБ, Марио Драги повеќепати истакна дека забрзувањето на цените се должи главно на скапата нафта и дека политичките ризици во еврозоната имаат потенцијал да се сопнуваат на обновата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП