19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвролига драстично го казни Панатинаикос

Евролига драстично го казни Панатинаикос

panathinaikos-oaka-basket-opadoi

Дисциплинската комисија на Евролига го казни Панатинаикос со 100.000 евра и четири средби без присуство на публика на својот терен. Санкциите за тимот од Атина се изречени поради нередите на нивните симпатизери во четвртфиналната серија против Барселона. Како што се наведува на интернет страната на ова натпреварување клубот е казнет со 40.000 евра и три средби без присуство на гледачи во наредната сезона. Панатинаикос е казнет поради тоа што домашните навивачи повторно користеле забранети сирени, бакли и петарди.

„Сите гостински тимови кога ќе дојдат во Атина можат да очекуваат дека ќе се соочат со некој вид на неспортско однесување од страна на навивачите и мораат да бидат подготвени за недоличното однесување на домашната публика“, стои во соопштението на дисциплинската комисија.

Панатинаикос има право да се жали на оваа одлука во наредните десет дена. Претходно  поради тоа што во салата „Оака“ имаше поголем број на гледачи од дозволеното, Евролига го казни клубот со 60.000 евра и една средба без присуство на публика.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП