На Волстрит индексите Dow Jones и S&P 500 во средата паднаа трет ден со ред, што е најмногу последица од остриот пад на цените на кациите во енергетскиот сектор по потонувањето на цените на нафтата.
Индексот Dow Jones ослабе за 0,33 отсто, на 20.855 поени, додека S&P 500 индексот се лизна за 0,23 отсто, на 2.362 поени, а индексот Nasdaq, пак, зајакна за 0,06 отсто, на 5.837 индексни поени.
Падот на индексите Dow Jones и S&P 500 трет ден со ред е најмногу последица на падот на цените на акциите во енергетскиот сектор за 2,5 отсто, што е нивниот најголемо дневно намалување во речиси шест месеци.
Цените на нафтата во средата паднаа за повеќе 5 отсто, откако беше објавено дека резервите на нафтата во САД минатата седмица пораснале повеќе отколку што се очекуваше.
Членките на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) го намалуваат производството, како и што беше договорено при крајот на минатата година, за да се ублажи нерамнотежата меѓу преголемата понуда и недоволно силната побарувачка на пазарите, меѓутоа, од друга страна, во САД производството расте па резервите и натаму остануваа на рекордни нивоа.
„Добра вест е што OPEC го намалува производството. Но, се гледа дека во САД залихите растат, а зашто произведувачите на нафта од шкрилци заработуваат во цените на овие нивоа, нивното производство расте“, вели за Reuters Тим Гриски, директор во компанијата „Solaris Group“.
Значително, за 1,5 отсто во средата паднаа и цените на акциите во секторот недвижнини, кои се чувствителни да движењата на каматните стапки, откако најголемата американска агенција за вработување ADP објави дека во приватниот сектор, во февруари се отворени нови 298.000 нови работни места, значително повеќе отколку што се очекувало.
Тој податок најавува и дека службените податоци за вработувањата во САД во февруари, коишто ќе бидат објавени во петок, ќе бидат добри. А тоа, пак, ќе значи дека челниците на американската централна банка Federal Reserve (Fed) уште на седницата следната седмица ќе може да ги зголемат клучните каматни стапки. Имено, последните седмици гувернери на Fed навестуваат дека каматите би можеле да бидат зголемени многу брзо, бидејќи растот на економијата, но и на инфлацијата, забрзува.
Трговците на пазарот на пари проценуваат дека постојат 85 отсто шанси сека Fed ќе ги зголеми каматите уште во март, додека само до минатата седмица за тоа даваа 30 отсто шанси.