17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусите почнуваат да подигнуваат кредити во рубљи

Русите почнуваат да подигнуваат кредити во рубљи

moskva034403

Русите почнуваат да подигнуваат кредити во рубљи. Во јануари 2017-та година, обемот на овие кредити е зголемен за 45% до 8 милијарди рубљи. За споредба, во исто време на 2016-та година се преземени девизни кредити за 5,5 милијарди рубљи.

Главната причина за растот на кредитите во домашната валута се објаснува со ниската камата и со очекувањето за натамошно поскапување на рубљата.

Друга причина, според аналитичарите, е вкупниот раст на кредитите. Во градскиот регион каде се повлекуваат најмногу кредити, тие се зголемија за 32%.

Во некои региони кредитите во рубљи расте во пати. На пример, во Уралскиот федерален округ е забележано зголемување од 6,6 пати, а во Приволжскиот федерален округ од 5 пати.

Експертите предупредуваат за значителни ризици за овие кредити, бидејќи не ја исклучуваат можноста во годината рубљата повторно да поевтини.

Кредитите во домашната валута за поединци имаат во моментот незначителен удел на рускиот банкарски пазар – помалку од 1,5%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП