2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДенес премиерно прикажување на краткометражниот филм „Последните камбани“

Денес премиерно прикажување на краткометражниот филм „Последните камбани“

PK2-680x365_c

Краткометражниот филм „Последните камбани“, работен по сценарио и во режија на Николче Поповски, а со Мето Јовановски во главната улога, ќе биде премиерно прикажан денес, со почеток во 20 часот во Кинотеката на Македонија.

Филмот кој говори за осаменоста и соочувањето со неа, ја носи приказната за старец (Јовановски), кој преку камбаната комуницира со неговиот пријател од соседното село.

Филмот се снимаше минатиот септември во селата Љубојно и Брајчино. Куриозитет на „Последните камбани“ е што во него воопшто нема говор, а убавините на двете села играат важна улога и тие како да се дел од карактерите.

Директор на фотографија е Фејми Даут, продуцент е Гоце Кралевски, а филмот е во продукција на „ДНФ филмс“.

Актерската екипа на филмот ја сочинуваат и Сања Николовска и Виктор Најдовски. Сценографијата е на Никола Анѓелковски, музиката на Дарко Спасовски – Пацки и на Горан Кан, шминката е на Наталија Кајевска, а костимите ги направи Ирена Боневска.

„Последните камбани“ е поддржан од агенцијата за филм на Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП