17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi покажа прототип на спортскиот кросовер SQ8 (фото+видео)

Audi покажа прототип на спортскиот кросовер SQ8 (фото+видео)

Dynamic photo, Color: Krypton Orange

Откако станавме сведоци на спортското „Audi RS5 Coupe“, сега е време да се обрне внимание и на друга премиера која „Audi“ ја организира на својот штанд во Женева. Посетителите на саемот имаат можност да се запознаат со новиот концепт кросовер, кој се нарекува „Audi Q8 Sport Concept“.

Иако засега е само прототип сепак, моделот ќе влезе во производство во наредната година, а името на сериската опција ќе биде „SQ8“. Како што се гледа од последното, новиот автомобил ќе стане врховен кросовер на „Audi“.

Static photo, Color: Krypton Orange

Што се однесува до концептот, тој е управуван од 3.0-литарскиот 6-цилиндричен мотор кој развива 470 КС и 700 Нм вртежен момент. Само бензинскиот мотор генерира 444 КС, но истиот е комбиниран со моќен електричен мотор со моќност од 26 КС и електричен компресор, чија функција е да се намалува турбо дупката. Од „Audi“ тврдат дека „Q8 Sport Concept“ е способен да забрза од 0 до 100 км/ч за 4.7 секунди, а максималната брзина достигнува 275 км/ч.

Static photo, Color: Krypton Orange

Дизајнот се карактеризира со решетка со октоаголна форма, а на страните се наоѓаат големи спроводници за ладење на моторот и сопирачките. Сето тоа е надополнето со насликани детали во боја на каросерија, како и посебен сплитер кој има за цел да го натера предниот да изгледа уште поагресивно. Позади се забележува дифузер од алуминиум и јаглеродни влакна, како и две издувни цевки со овална форма.

Овој кросовер ќе биде позициониран над „Audi Q7“ и ќе ја игра улогата на главен конкурент на „BMW X6“, „Mercedes GLE Coupe“ и „Range Rover“.

Static photo, Color: Krypton Orange

Во пракса, новиот концепт претставува спортска верзија на концептниот „Q8“ кој го видовме порано во текот на годината во Детроит. Во однос на пропорциите, тој не се разликува многу од сегашната „Q7“-ца – долг е 5 метри и располага со меѓуоскино растојание од 3 метри. Сепак, концептот „Q8“ е за 40 мм понизок. Линијата на покривот му се спушта непречено надолу, а во внатрешноста има четири индивидуални седишта. Во сериската верзија сепак, конфигурацијата ќе биде класична – две седишта напред и седиште за три лица позади. Концептниот „Q8“ има 630-литари багажен простор.

Interior

Според официјалната информација новиот 12,3-инчен дисплеј на моделот нуди подобра функционалност и повисока резолуција, а новиот концепт за управување со системите ги заменува бројните копчиња и ја прави навигацијата низ менијата многу полесна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП