24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLexus ги објави цените за новиот IS

Lexus ги објави цените за новиот IS

lexus

„Lexus“ ја најави продажната цена за потполно новиот седан модел IS, кој во текот на летото треба да пристигне во дилерските претставништва на компанијата со нов дизајн, унапредена динамика на возењето, иновативна технологија и зголемен простор во кабината и багажникот.

Моделот „IS 350“ кој ќе го придвижува 2.5L V6 мотор ќе испорачува снага од 204ks и неговата цена е 25.930 евра за верзија со системот за погон на задните тркала, односно 29.400 за верзијата со систем за погон на сите четири тркала.

Додека малку послиниот модел на „IS 350“ кој развива 306ks со мотор од 3.5L V6 ќе има почетна цена од 30.150 евра со погон на задните тркала, додека за верзијата со погон на сите четири тркала потребено е да се одвојат 31.850 евра.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП