26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаботилница за проценка на ризикот од корупција во јавниот сектор

Работилница за проценка на ризикот од корупција во јавниот сектор

korupcija 45

Државната комисија за спречување на корупцијата во соработка и со поддршка на Европската Комисија преку инструментот TAIEX, организира работилница на тема „Проценка на ризикот од корупција во институциите од јавниот сектор – утврдување на ризикот од корупција и другите неетички ризици и планирање на решенија и мерки за нивно надминување“.

Работилницата ќе се одржи во четврток и во петок, во хотел Арка во Скопје.

Целта на работилницата е отворено да се дискутира за ризиците од корупција во управувањето, нивно утврдување, проценка и надминување како и посочување на институционалните структури, системи и процеси кои можат да бидат повеќе подложни на корупција. Исто така, на работилницата ќе се разменат позитивни искуства и добри практики за градење на институционалниот и личниот интегритет во јавниот сектор и планирање на ефикасни решенија и механизми за намалување и спречување на ризиците од корупција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП