28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнвестициите и слабиот јен го поттикнаа растот на Јапонија

Инвестициите и слабиот јен го поттикнаа растот на Јапонија

569342358c04d5be2033346607842_w640

Јапонската економија во последниот квартал од 2016 година пораснала за ревидирани 0,3 проценти.

Инвестициите на компаниите и слабиот јен го поддржаа растот, покажаа објавените официјални податоци на Владата.

Најновите податоци се благо повисоки во однос на прелиминарната проценка на растот од 0,2 проценти за периодот октомври-декември, но пониски во однос на пазарните очекувања од 0,4 проценти, пренесува агенцијата Франс прес.

Резултатите укажуваат и на четврти последователен квартал на раст на третата најголема светска економија.

Јапонската економија минатата година пораснала за 1,0 проценти што е непроменето во однос на прелиминарната проценка, по растот од 1,2 проценти од 2015 година, соопшти владата во Токио.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП