12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСлабите резултати во Франција „удрија“ врз оперативната добивка на Carrefour

Слабите резултати во Франција „удрија“ врз оперативната добивка на Carrefour

carrefour335

Вториот по големина трговец на мало во светот „Carrefour“ вети дека ќе ја зголеми продажбата со помеѓу 3% и 5% во оваа година и дополнително да ја зголеми слободата на готовинскиот тек во момент во кој се намалуваат инвестициите за реновирање на продавниците, соопштува „Ројтерс“.

Компанијата исто така, рече дека е подготвена да оствари ИПО на имотната поделба „Carmila“ и на бразилскиот бизнис во оваа година, доколку пазарните услови го дозволат тоа.

Најголемиот трговец на мало во Европа ја задржи дивидендата во 2016-та година без промена на ниво од 0,70 евра по акција, откако оперативната добивка е намалена за 3,8% до 2,35 милијарди  евра во 2016-та година, што е под просечната оценка за 2,37 милијарди евра од анкетата на „Ројтерс“.

На најголемиот пазар на групацијата – Франција, оперативната добивка е намалена за 13,4% до 1,03 милијарди евра, а маржите се намалиле за 40 базични поени до 2,9%.

Ова се одразува врз трошоците врзани со интеграцијата на поевтините продавници „Dia“ кои се во загуба, а активните промоции во француските хипермаркети се позадината на силната конкуренција во секторот.

На други места во Европа сепак оперативната добивка се зголемува, главно поради долгото закрепнување во Шпанија и подобрената профитабилност во Италија. Во Латинска Америка презентацијата во Бразил е силна покрај тешките пазарни услови, а во Кина, кој придонесува за 5% од продажбата, се уште се забележува загуба.

„Carrefour“ изјави дека ќе инвестира 2,4 милијарди евра во 2017-та година за реновирање и проширување на своите продавници, што е под износот од 2,5 милијарди евра од минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП