21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрет ден по ред индексот МБИ10 во негатива

Трет ден по ред индексот МБИ10 во негатива

berza-25533

Трет ден по ред индексот МБИ10 во средата беше во негатива, со дополнителни 0,37 отсто и моментално изнесува 2.290,40 индексни поени.

Се тргуваше со 12 хартии од вредност при што бројот на добитници/губитници е изедначен, додека без промена на вредноста се тргуваа две хартии од вредност. Вкупниот промет изнесуваше 6,6 милиони денари, а се реализираа 32 трансакции.

Најтргувана хартија беше акцијата на Комерцијална банка со истргувани 1.090 лотови по просечна цена од 2.861,08 денари, што претставуше 47 отсто од вкупниот промет. По неа следеа акциите на Стопанска банка АД Битола со промет од 1 милион денари и Алкалоид со промет од 0,7 милиони денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП