18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе се продлабочува економската соработка меѓу Македонија и Катар

Ќе се продлабочува економската соработка меѓу Македонија и Катар

mk-katar33

Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски оствари работен состанок со Амбасадорот на Катар во Република Македонија, Хасан Бин Абдулах Заид Ал Махмуд.

На состанокот се разговараше за продлабочување на економските односи меѓу двете земји, притоа ставајќи акцент на реализирање на новата авионска линија меѓу Катар и Република Македонија на релација Доха-Скопје.

Во насока на продлабочување на соработката како и за развој на туризмот, министерот Мисајловски побара доколку постои можност да се разгледаат можностите за зголемување на бројот на линии се со цел да се овозможи што поголем број на граѓани од двете земји да ги почувствуваат бенефитите од воведување на директната авионска линија.

На средбата се заклучи дека и двете земји во иднина ќе работат на продлабочување на економската соработка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП