Бруто-домашниот производ (БДП) на Грција изминатата година стагнираше во однос на 2015-та, објави во средата грчката статистичка служба ELSTAT.
Грчката влада се уште преговара со кредиторите – ЕУ и ММФ, за заклучување на договорот за продолжување на исплатата на меѓународната кредитна помош.
Доверителите бараат нови мерки на штедење за 2019-та и 2020-та година, по завршувањето на тековната кредитна помош од 86 милијарди евра, која истекнува во 2018-та година.
ELSTAT во понеделникот објави податоци за четвртиот квартал од 2016-та година, според кој БДП-то опаднал за 1,2 отсто во однос на третиот квартал, а за 1,1 процент во однос на четвртиот квартал од 2015-та година.
Грција се наоѓа веќе во осмата година од надзорот на кредитните доверители поради должничката криза и со строги мерки за штедење во замена за кредитната помош.