2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИWizz Air лансира предизвик за младите

Wizz Air лансира предизвик за младите

wizz-youth-challenge-680x365_c

Најголемата ниско-буџетна авиокомпанија во Цeнтрална и Источнa Европа „Wizz Air“, во средата, објави дека го започна првиот WIZZ натпревар за млади, интернационален натпревар за истражување за студенти од универзитети и колеџи.

Натпреварот нуди фантастична можност за следната генерација менаџери да стекнат професионални искуства соочувајќи се со вистински бизнис прашања и проблеми.

Главната награда на натпреварот е неограничени патувања со мрежата на WIZZ една година. Студентите кои поседуваат активна диплома или статус магистер на универзитет или колеџ можат да се регистрираат за натпреварот поврзан со авијација и маркетинг до 5.април 2017 година со потполно комплетирање на апликацијата на https://wizzair.com/en-gb/wizz-youth-challenge и да ја пратат на [email protected].

Сите регистрирани тимови ќе го добијат истражувањето заедно со детални упатства и позадински материјали, на 7.април 2017 и ќе треба да ги достават своите одговори до 21.април.

Тимовите со најдобро истражување ќе бидат селектирани од страна на внатрешниот тим за оценување на WIZZ и поканети да присуствуваат на финалето во живо, организирано во Будимпешта на 18.мај 2017.

Финалистите ќе ги презентираат своите истражувања на жирито на WIZZ натпреварот за млади, составено од главниот менаџмент тим на Wizz Air и надворешни експерти.

Членовите на победничкиот тим ќе уживаат во неограничени патувања со мрежата на WIZZ, која моментално нуди повеќе од 500 рути од 28 бази и поврзува 138 дестинации преку 40 земји, додека вториот и третиот тим ќе добијат бесплатни повратни билети од авиокомпанијата.

Повеќе информации за WIZZ натпреварот за млади се достапни на https://wizzair.com/en-gb/wizz-youth-challenge.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП