6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПадот на продажбата во Европа го погоди Chrysler

Падот на продажбата во Европа го погоди Chrysler

P

Третиот по големина американски производител на автомобили „Chrysler“ во првиот квартал од 2013 година во својот нето профит загуби 65 проценти на годишно ниво поради падот на продажбата во Европа и лансирањето на нови производи, пренесува агенцијата Танјуг.

Компанијата наведува дека првите три месеци од оваа година остварила нето добивка од 166 милиони амрикански долари, во однос на 473 милиони од истиот период минатата година, наведува агенцијата Афп.

Нето приходите, истовремено се намалија за шест проценти, на 15,4 милијарди долари.

„Chrysler“ кој е во мнозинска сопственост на италијанскиот „Fiat“, наведува дека очекувал тежок квартал, во голема мера поради минатогодишното гасење на производството на „Jeep Liberty“ и подготовките за лансирање на новата генерација „Jeep Cheerokee“ за 2014 година.

На резултатите од кварталот заклучно со месец март, влијание имаа и долготрајните економски слабости во Европа и увозната рестрикција во Латинска Америка, се вели во соопштението од компанијата.

Компанијата ја потврди прогнозата за цела година, во која се очекува профит од 2,2 милијарди долари и приходи од 72 до 75 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП