3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБразил потона во најдлабоката рецесија

Бразил потона во најдлабоката рецесија

бразил-brazil

Економијата на Бразил во 2016 година опадна втор пат последователно, со што оваа најголема земја на Латинска Америка потона во најдлабока рецесија во својата понова историја.

Статистичката служба објави дека бруто домашниот производ (БДП) на Бразил опаднал за 3,6 проценти во 2016 година, додека во 2015 година опадна за 3,8 проценти.

Најдлабоката рецесија во поновото време во Бразил била 1930 и 1931 година, кога економијата опаднала за 2,1 проценти и за 3,3 проценти.

Претседателот на Бразил, Мишел Темер изјави дека се појавиле првите знаци на закрепнување, но економистите предвидуваат дека тешкотиите ќе траат уште една година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП