4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАМСМ во соработка со РСБСП по повод „Денот на жената“, организираа...

АМСМ во соработка со РСБСП по повод „Денот на жената“, организираа трибина посветена на жените и нивната безбедност во сообраќајот

aab

Голем број луѓе не се информирани дека бројот на жртви од сообраќајни незгоди во светот е на ниво на памдемија чиј импакт во поглед на здравството и развојот на човештвото е на исто ниво со пандемијата на сида, туберколоза и маларија.

Земајќи го во предвид овој факт Светската Здравствена Организација и Обединетите Нации ја започнаа Декадата на Акција за безбедност на Патиштата чија цел е да се  стабилизира, а потоа и да се намали бројот на жртвите во сообраќајот на глобално ниво, т.е да се преполови бројот на жртви од сообраќајните незгоди до 2020 година.

На светско ниво, 1.3 милиони луѓе умираат секоја година на патиштата како последица на сообраќајни незгоди, секои 30 секунди по еден човек го губи животот во сообраќајна незгода или тоа е повеќе од 3000 луѓе на ден, а 50 милиони луѓе во светот се повредени во сообраќајни незгоди на годишно ниво и голем дел од нив остануваат со трајни последици.

На светско ниво, повредите од сообраќајни  незгоди се причина број 1 за смрт на младите луѓе на возраст од 15-29 години а  500 деца ги губат своите животи секој ден на патиштата низ светот.

aaa

Улогата на современата жена во сообраќајот е значајна и истата не се ограничува само на придонесот на жените како активни учесници во сообраќајот и истата  е многу позначајна ако се земе во предвид дека жената,    одсекогаш пред се била и ќе биде мајка, родител, воспитувач, едукатор. Сообраќајната култура, етика, навиките на однесување во сообраќајот се учат од најмали нозе, а тука улогата на жената-мајката отсекогаш била и ќе остане  неприкосновена.

Носител на позитивните промени во сообраќајот,  во градењето на сообраќајната култура може и треба да биде жената и тоа беше и главниот мотив  РСБСП(Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата) и АМСМ да организираат  трибина посветена на жените, нивната улога во сообраќајот и проблемите и предизвиците со кои се соочуваат жените како учесници во сообраќајот.

На трибината на тема: „ Временските услови како фактор за безбедност во сообраќајот“ организирана по повод меѓународниот ден на жената „8 – март“  учествуваа Државниот секретар во МВР Сања Димитриевска, Претседателот на РСБСП Стојче Стаменковски, стратегиски менаџер од АМСМ Ирена Миновска Пехливанова и голем број на истакнати професори, гости и експерти.

aab

Ние во Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата  поделбата на учесниците во сообраќајот  на машки и женски ја правиме за одредени наменски потреби,  но во нашето дејствување РСБСП е поденакво посветен на сите групи учесници во сообраќајот.  За нас има само добри и лоши, совесни и несовесни возачи.

Процесот на промена на навиките и културата на однесување во сообраќајот е бавен  и тежок но нашата мисија е благородна и значи спасување на човечки животи и затоа нема да застанеме, не се откажуваме а вашата подршка за намалување на бројот на настрадани лица во сообраќајни незгоди навистина многу ни значи,  истакна Претседателот на РСБСП м-р Стојче Стаменковски на трибината на која присуствуваа голем број на припаднички од понежниот пол.

Истражувањата, анализите, реалноста покажува дека жените-возачи, се многу внимателни при возење, одговорни се, и се придржуваат кон сообраќајните правила и прописи.  Брзото и агресивно однесување во сообраќајот не е својствено за жените. Ретко може да се види жена да ги потценува последиците од  управување на моторно возило под дејство на алкохол, да пристигнува непрописно, итн. Статистиката покажува дека жените помалку предизвикуваат сообраќајни незгоди со фатални последици и дека помалку страдаат во сообраќајни незгоди. Во изминатата,  2016 година, во Република Македонија  од 165 загинати лица во сообраќајни незгоди,  29 се припадници на понежниот пол. – истакна Сања Димитриевска , Државен Секретар во Министерството за внатрешни работи и ги повика присутните преку својот личен пример и личен  придонес  да го направат првиот чекор кон издигнување на сообраќајната култура и етика на уште повисоко ниво.

aah

Сообраќајните незгоди можат да бидат спречени и затоа АМСМ, како члекна на ФИА, заедно со надлежните организции во Македонија активно учествува во организација на кампањи за подигање на сообраќајната култура во Македониија се со цел да се намали бројот на жртви на патиштата.

Темата на оваа трибина беше инспирирана од искуствата во последните некоку години кога временските услови направија огромна материјална штета, а однесоа и човечки жртви. Земајќи во предвид дека жената е претежно таа која се грижи за семејството, а и се посамостојна, сметавме дека оваа година треба да обрнеме внимание на подигнување на сообраќајната култура на жените учесници во сообраќајот во екстремни времески услови – истакна Ирена Миновска Пехливанова, стратегиски менаџер од АМСМ.

aaj

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП