18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа субвенционирање печки на пелети поднесени 182 барања

За субвенционирање печки на пелети поднесени 182 барања

peleti-1-740x416

Граѓаните поднеле 182 барања за субвенции за купување печки на пелети.

Како што соопштија од Градот Скопје барањата се во фаза на разгледување, а комисијата почна со теренска проверка на дадените локации каде што ќе бидат поставени набавените печки на пелети.

Градот Скопје ги потсетува граѓаните кои имаат намера да аплицираат на Јавниот повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за купување печки на пелети истото да го сторат најдоцна до 13.03.2017 година (понеделник).

Оваа година Јавниот повик ги опфаќа граѓаните на градот Скопје коишто се затоплуваат на печки со дрва, јаглен, нафта и мазут и претставува една од мерките кои Градот Скопје ги презема со цел подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух.

Условите за добивање субвенција се: барателот да нема искористена субвенција за истата намена од кој било извор во Република Македонија; да е жител на град Скопје; да е корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут; новата печка на пелети која ќе ја купи да биде инсталирана и да се користи на истата адреса од личната карта, да нема приклучок на градско централно греење во објектот каде што е инсталирана печката; станбениот објект да не е во фаза на градба; и барателот да има платено данок на имот за објектот каде што е инсталирана печката, заклучно со 2016 година.

а минатиот Јавен повик кој беше објавен во 2016 година беа доделени 196 субвенции, за што беа издвоени 5.896.000 денари од Буџетот на Град Скопје, а поради големиот интерес кој го покажаа граѓаните за овој тип на субвенции, за 2017 година предвидени се 10 милиони денари или околу 330 субвенции за набавка на нови печки на пелети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП