19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПариз е најатрактивната дестинација во Европа за инвестирање во хотели

Париз е најатрактивната дестинација во Европа за инвестирање во хотели

pariz3494

Париз е најатрактивната дестинација во Европа за инвестирање во хотели и покрај нестабилната политичка ситуација и ризикот од терористички напади, покажуваат податоците на консултантската компанија „Colliers International“.

Компанијата испита 20 водечки европски градови. Оценката е направена врз основа на 12 компоненти, меѓу кои населението, БДП-то, број на вработени, туристи, капацитетот на хотелски соби, приходот од соба, цена на земјиштето, трошоците за изградба, инвестициски обеми, добивки при излез од инвестиции и други. Максималната можна оценка е 400 поени.

Рангирањето на Париз на првото место се должи на високиот раст на побарувачката, позитивниот развој на хотелскиот бизнис, најголемата рентабилност и силниот туристички пазар за периодот 2012-2016-та година.

На второ и трето место се Лондон и Барселона, следени од Амстердам и Мадрид. Во топ 10 се наоѓаат уште Даблин, Виена, Берлин, Цирих и Прага.

На 20-то место е рангирана главниот град на Романија – Букурешт. Пред него се Брисел и Стокхолм.

Лондон и Париз поседуваат доста блиски карактеристики, но главниот град на Франција се повикува на заедничката листата поради малку пониските цени за изградба. Тоа е параметарот на кој Барселона има најдобри резултати и благодарение на кој застанува пред Амстердам во општото рангирање.

Иако цената на изградба покажува многу добар резултат во Букурешт, тој не успева да ги компензира ниските нивоа на побарувачка и недостигот на инвестициски пазар за хотели. Ова е причината градот да се наоѓа на дното на листата, посочуваат од консултантската компанија.

Истанбул е со релативно слаб рејтинг, на 17-то место, и покрај обемот на пазарот, фаворизираната побарувачка и ниските трошоци за изградба. Вработувањето на хотелите е ниско, што доведува по себе до незадоволителни приходи од инвестиции во позадина и на влошената економска клима.

Цирих е најинтересен пазар за набљудување, според експертите. Тој се претставува одлично во последните неколку години, а можеме наскоро да очекуваме недостиг на понуда на квалитетни хотели. Интересот за овој вид на инвестиции е висок и ако постоечките нивоа на побарувачка се зголемуваат, градот може да стане еден од најпопуларните во овој поглед, и покрај големите трошоци за изградба.

Добри позиции имаат уште Манчестер и Даблин. Во следните години се предвидува зголемување на побарувачката и во двата града, што ќе доведе до раст на атрактивноста на инвеститорите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП