4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗемји со најголема невработеност во светот - Каде е Македонија?

Земји со најголема невработеност во светот – Каде е Македонија?

Unemployment-line

Листата со земји со најголема невработеност е составена според последните податоци на Светската банка, а на првото место, односно земјата со „златен медал“ за невработеност e Џибути со стапка на невработеност од 54,0 проценти. Втора на листата е Конго со 46,10 проценти стапка на невработеност, а „бронзениот медал“ го заслужи Босна и Херцеговина со стапка од 41,87 проценти.

Според последните податоци на Тrading Еconomics на листата претежно се наоѓаат африкански земји, а од Балканот, меѓу првите 20 се наоѓа и Македонија на 15-тото место со стапка од 23,40 проценти, како и Косово кое е позиционирано на шестото место со 32,90 проценти.

Единствената земја од Европската унија која се наоѓа на оваа листа е Грција која го зазема 16-тото место со стапка на невработеност од 23,00 проценти.

Земји со највисока невработеност во светот изразена во проценти:

1. Џибути 54,0
2. Конго 46,10
3. Босна и Херцеговина 41,87
4. Авганистан 40.0
5. Кенија 40.0
6. Косово 32,90
7 Гамбија 29,80
8. Јемен 29,80
9. Намибија 28,10
10. Република Конго 26,60
11. Јужна Африка 26,6
12.Ангола 26,00
13. Палестина 25,70
14. Лесото 25,30
15. Македонија 23,40
16. Грција 23,00
17. Екваторијална Гвинеја 22,30
18. Црна Гора 22,05
19. Гвајана 21,00
20. Габон 20,30

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП