4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКако изгледа спортската лимузина на Mercedes со 800 КС (фото+видео)

Како изгледа спортската лимузина на Mercedes со 800 КС (фото+видео)

mehibrid 00

Концернот „Daimler“ претстави на автосаемот во Женева хибриден прототип под името „Mercedes-AMG GT Concept“, чија сериска верзија ќе се појави на пазарот следната година како конкурент на „Porsche Panamera“.

mehibrid 01

Ова е прв „граѓански модел“ на брендот, кој ја добил ознаката „EQ Power +“. Така во иднина ќе се викаат сите спортски хибридни модификации во палетата на „Mercedes-AMG“.

mehibrid 02

Прототипот со 4 врати е изграден на модернизираната шасија „MRA“ која се користи за моделите „C-Class“ и „E-Class“. Машината со должина од 5 метри има агрегат кој развива 805 КС. Во него влегуваат 4.0-литарски бензински V8 битурбо мотор, кој се наоѓа на задната оска, електричен мотор и комплет „суперсилни и лесни“ батерии.

mehibrid 03

Забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае помалку од 3 секунди. Од компанијата не брзаат да ги откријат техничките карактеристики како на моторот и електромоторите, така и на батериите, но тврдат дека тие се „импресивни“. Возилото е опремено со систем за обновување на енергијата при сопирање, која се користи и кај болидите во Формула 1.

mehibrid 04

Поголемиот дел од елементите на каросеријата, вклучувајќи ги дифузорот, каросеријата и праговите, а исто така и кровот и предните крила, се направени од карбон. Машината добила керамички-карбонски сопирачки механизми и камери наместо задни ретровизори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП