26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД: Најголем трговски дефицит од 2012 година

САД: Најголем трговски дефицит од 2012 година

amerika-sad-amerika-amam

Трговскиот дефицит на САД во јануари порасна на најголемото месечно ниво во речиси пет години, соопшти во вторникот Министерството за трговија во САД.

Трговскиот дефицит порасна на 48,5 милијарди долари, што е за 4,2 милијарди долари повеќе во однос на декември и е најголемиот дефицит од март 2012 година.

Таквиот дефицит делумно е последица на месечниот пад на извозот на цивилните авиони и мотори во вредност од 1,2 милијарди долари.

Во однос на јануари минатата година трговскиот дефицит е поголем за 12 проценти, при што растот на увозот од 8,3 проценти надмина раст на извозот од 7,4 проценти.

Дефицитот во трговијата на стока со Кина пораснал за 13 проценти во однос на нивото од декември.

Исто така е забележано зголемување на дефицитот во трговијата со Мексико и Саудиска Арабија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП