2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVolkswagen сака да ги задржи фабриките

Volkswagen сака да ги задржи фабриките

vw2

„Volkswagen“ ќе ги задржи фабриките во Европа, и покрај неповолните економски околности на кои компанијата се обидува да се прилагоди.

„Volkswagen“ се обидува да го избегне отпуштањето на сталните работници, изјави претседателот на управата на компанијата Мартин Винтеркорн.

Во интервјуто за австриската телевизија ОРФ, Винтеркорн вети дека „Volkswagen“ нема да ги следи примерите на останатите автомобилски компании кои го намалија обемот на производство во Европа.

„Нема да ги намалиме производствените капацитети во Европа. Напротив, ние ќе ги спасиме. Ние нема да ги отпуштиме сталните работници, но кога станува збор за вработените на одреден временски период, сеуште размислуваме што да направиме“, изјави претседателот на компанијата.

„Volkswagen“ во првиот квартал оствари добивка од работењето од 2,34 милијарди евра, што е пад од 26 проценти во однос на истиот период од минатата година. Меѓутоа, компанијата останува на планот во текот на оваа година да оствари профит еднаков на оној од 2011 година, кој изнесуваше 11,5 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП