22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПо повод 8 Март, Францускиот институт со „50 портрети на жени…“

По повод 8 Март, Францускиот институт со „50 портрети на жени…“

prava zeni3253

Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје делуваат во насока на промоција на родовата еднаквост, како во општествената, така и во политичката сфера, па за Денот на жената организираат настан „50 портрети на жени во Македонија посветени на промоцијата на женските права”.

Од таму велат дека стереотипите ја попречуваат целосната родова еднаквост. По тој повод, Меѓународниот ден на женските права, којшто се одбележува на 8-ми март, е потсетување на секојдневната борба за реална родова еднаквост, којашто е потребна особено во денешно време.

Оттука, Францускиот институт во Скопје се приклучува кон одбележувањето на Меѓународниот ден на женските права со настанот „50 портрети на жени во Македонија посветени на промоцијата на женските права”, којшто ќе се одржи вечер, 8-ми март 2017, од 18 до 20 часот, во Францускиот институт во Скопје.

Настанот има за цел да ги покани жените кои преку нивните постојани активности, секоја во своето поле на делување, придонесуваат за родова еднаквост и за унапредување на правата на жените во Македонија.

Вечерта ќе бидат присутни жени од најразлични сфери на делување, кои ќе одговорат на прашањето „На кој начин во вашето секојдневие ги застапувате женските права?’. Воедно ќе им биде направен портрет од страна на фотографот Милан Стрезовски.

Потоа највпечатливите 50 портрети ќе бидат изложени во Францускиот институт во Скопје и ќе бидат поставени на ФБ страната на Францускиот институт во Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП