18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Македонската берзa обврзниците повторно во игра

На Македонската берзa обврзниците повторно во игра

makedonska-berza233

Во класичното тргување на Македонската берза во вторникот најголем промет оствари обвзницата за денационализација од четиринаесеттата емисија (РМДЕН14) каде преку девет трасакции се истргуваа 100.435 лотови по цена од 95 отсто од номиналната вредност.

Со акцијата на Макошпед преку аукција се истргуваа 82.106 лотови по цена од 157 денари по акција што значеше промет до 12,8 милиони денари.

На листата на најтргувани акции се најдоа и акциите на Гранит АД со 2,9 милиони денари и Скопски пазар со промет од 1 милион денари.

Индексот МБИ-10 ја продолжува негативната серија и денот го заврши со пад од 0,25 отсто, и изнесуваше 2.298,90 индексни поени, додека, пак, индексот на обврзниците порасна за 0,06 отсто и моментално изнесува 129,92 индексни поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП