22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСообраќајот се одвива по влажни коловози, наместа појава на густа магла

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, наместа појава на густа магла

vlazni-kolovozi

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Поради појава на густа магла видливоста намалена е видливоста на патниот правец Тетово-Попова Шапка е 10-20 м и на планинскиот превој Ѓавато 50-100 м. Врнежи од снег има на патниот правец Тетово-Попова Шапка.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП