3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо февруари пониски трошоците за живот и цените на мало

Во февруари пониски трошоците за живот и цените на мало

potrosuvacka kosnica33

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во февруари 2017 година, во однос на претходниот месец, изнесува 99.5, а индексот на цените на мало 99.4.

Намалувањето на индексите на трошоците на животот од 0.5% во февруари 2017 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на пониските индекси на свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот, за 16.3%, свежото и разладеното овошје за 5.3%, полномасното млеко за 0.8%, другите преработки од месо за 0.3%, лебот и житата, јајцата и маслото и маснотиите за 0.2%.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на патници за 31.5%, собирањето на смет за 4.7%, туристичките пакет-аранжмани за 3.8%, течните горива за домаќинствата за 1.0%, отпадната вода за 0.9%, играчките, игрите и хобија за 0.8%, велосипедите за 0.7%, мебелот за домаќинствата за 0.5%, материјалите за одржување и поправки на станот, услугите за лична хигиена и предметите за лична хигиена и здравје за 0.2%.

Пораст на индексите на трошоците на животот во февруари 2017, во споредба со претходниот месец, е забележан кај замрзнатите морски плодови за 4.3%, безалкохолните пијалаци за 1.8%, другите преработки од риба и морските плодови за 1.7%, другите млечни производи за 1.0%, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.7%, сувото овошје и јаткастите производи за 0.4%, месото и замрзнатото овошје за 0.3%, сирењето и урдата, сушеното, соленото и чаденото месо, замрзнатиот зеленчук, освен компири, и другите прехранбени производи за 0.2%.

Во февруари, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај весниците, книгите и канцеларискиот материјал за 4.6%, гасот за домаќинствата за 4.3%, болничките услуги за 3.5%, телефон и телефакс апаратите и телефон и телефакс услугите за 3.4%, градините, растенијата и цвеќињата за 1.8%, резервните делови и опремата за сопствен превоз за 1.3%, средствата за чистење и одржување на станот и угостителските услуги за 1.0%, лековите и информатичката опрема за 0.9%, облеката за 0.6%, обувките за 0.5%, цврстите горива за домаќинствата, големите апарати за домаќинствата и другите услуги за опрема за сопствен превоз за 0.4%, услугите за одржување и поправки на станот, снабдувањето со вода и услугите за рекреација и спорт за 0.3%.

Индексот на трошоците на животот во февруари 2017 година, во споредба со февруари 2016 година, бележи пораст од 0.2%, а индексот на цените на мало бележи пораст од 1.3%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП